Eднакви можности

Сите граѓани во државата имаат право подеднакво да учествуваат во општествениот, социјалниот и економскиот живот. За тоа да се оствари потребно е да се создадат услови каде сите ќе бидат еднакви и ќе ги уживаат своите права. Хелсиншкиот Комитет активно работи кон креирање на општество каде можностите за вработување, образование, социјални сервиси и пристап до правда им се достапни на сите маргинализирани групи на граѓани како што се ЛБГТИ луѓето, текстилните работнички, жените-жртви на родово базирано насилство и Ромите.

Хелсиншкиот комитет за човекови права се води од принципот на еднакви можности и недискриминација на сите групи граѓани, а особено на маргинализираните групи граѓани кои се соочуваат со пречки и тешкотии при остварување на своите права. Преку еден сеопфатен пристап нудиме:

  • обезбедување бесплатна правна помош;
  • сервиси за граѓаните (вклучително и Сигурна куќа за ЛБГТИ луѓето) и
  • сенизибилизација и обука на стручните служби во институциите.

Преку наведеното, Хелсиншкиот комитет работи кон својата цел за создавање општество каде ќе се почитуваат основните човекови права, човековото достоинство, демократијата и владеењето на правото.