мк      en      sq
пребарај
СООПШТЕНИЕ
По повод случајот на осомничениот родител за полов напад врз своите три малолетни ќерки, објавен во медиумите на 25.08.2010

.......................................................

Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
11-17 Септември, 2010 год
Хотел „Белведере“ Охрид
АПЛИКАЦИЈА

.......................................................

Европски суд за човекови права
СТРАЗБУР
10 јуни 2010

Случај:
Томислав Спасовски против Република Македонија

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја утврди повредата на Член 6 од Европската Конвенција за човекови права во случајот на Томислав Спасовски против Република Македонија.

.......................................................

На 54-та сесија на Комитетот за првата на детето, која се одржа на 27 и 28 мај 2010, беа разгледувани Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултативните протоколи на Конвенцијата.
ПРОЕКТИ
Презентирана финалната активност на Проектот “Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговија со луѓе во Република Македонија“
12-ти април, Дом на АРМ - Скопје
Настанот беше во функција на јавно презентирање на резултатите, исходите и конкретните препораки на самиот проект базирани од перспектива на фактичкиот локален одговор во подрачјето на превенцијата на овој сложен криминал во нашата држава.

.......................................................

ПРОЕКТ
Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
СИГМЕ 7 – Центар за интердисциплинарни истражувања, образование и развој
Прашалникот можете да го симнете ТУКА
Општо прифатени дефиниции за облици на дискриминација
Распоред
Агенда

.......................................................

Забелешки на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација
Изработени од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија
Забелешки на предлог - Закон за здруженија и фондации

.......................................................

Охрид, 12-19 Јануари 2010 година

Школата за човекови права во Република Македонија се одржа во периодот од 12-19 Јануари 2010 год. во Хотел „Гранит“ во Охрид. Во рамките на истата беа вклучени вкупно 25 средношколци на возраст од 16-19 год. од различни градови како: Скопје, Прилеп, Куманово, Гостивар, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево, Битола и Дојран.

.......................................................


Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

.......................................................

СООПШТЕНИЕ

20 годишнина на Конвенцијата за правата на децата
Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.
Анализа
ПРАВАТА НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА

.......................................................

.......................................................

Извештај на Стејт департментот за човековите права
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на своите граѓани иако има проблеми во некои области.

.......................................................

60 години од Универзалната декларација за човековите права
Порака по повод 10 декември Денот на човековите права и 60 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права

Стејт Департментот го објави Извештајот за трговија со луѓе кој го покрива периодот од март 2007 до март 2008 година.
Светските лидери не успеваат да се справат со кршењето на човековите права во светот, предупредува Амнести интернешнал.
Амнести интернешенел за Македонија:
Во Македонија е постигнат напредок во реформите на полицијата и во правосудството, но продолжува дискриминацијата на малцинствата, особено на ромската популација, се наведува во годишниот извештај на Амнести интернешенел за почитувањето на човековите права.
Извештај "Граѓански засновани анализи"

Комитетот на Советот на Европа за борба против тортура ја обвини Македонија за лошо постапување со лица лишени од слобода, во извештајот објавен во средата

пријави се за e-mail вести
e-mail адреса:
 

ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО

ОН повторно ја испрашуваат Грција

Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците

Петар Једиковски

Забраните за медиумско претставување на изборите на партијата на Македонците во Грција „Виножито“, како и грчкото непочитување на препораките на експертот за малцинства Геј Мекдугал, се дел од точките за кој деновиве расправа Комитетот за елиминација на расна дискриминација на ОН во Женева.

Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците и на припадниците на другите малцинства во Грција.

Такви примери се ослободувањето и неказнувањето на неонацистот Костас Плеврис, кој е познат по својот говор на омраза и нападите врз Македонците, непризнавањето и забраната за употребата на македонскиот јазик, противзаконските медиумиски забрани на изборната кампања на партијата на Македонците „Виножито“ и постоењето црни листи на македонски политички бегалци и на активисти за заштита на човековите права.

Павле Васкопулус од партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“ вели дека овој извештај на ОН содржи факти за сите случаи, кои грчките власти ги водат против членови на „Виножито“, но и против другите малцинства.

- Грција постојано ги крши правата на малцинствата и тоа сигурно нема да остане незабележано од Комитетот. Ваков извештај ОН презентираат на секои седум години. Грција мора да порасне и да им дозволи на Македонците да се нарекуваат така како што сакаат - вели Васкопулус.

Според Панајот Димитрас, член на грчкиот Хелсиншки комитет, во Грција владее непријателска клима за малцинствата и затоа заседанието е одлична можност пред телата на ОН да се прикажат условите во кои живеат македонското, турското и ромското малцинство.

Тој очекува Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација (УНЦЕРД) да поднесе тужба за Атина за кршење на малцинските права.

Според грчкиот Хелсиншки комитет најголема пречка Грција да ги признае правата на малцинствата е конзервативното грчко судство, кое е под постојан притисок на грчките власти. Како што тврди Комитетот во речиси сите извештаи, грчките судии упорно одбиваат да ги спроведуваат пресудите на Судот за човекови права за признавање на македонското и на турското малцинство и за регистрација на Домот на македонската култура во Лерин.

Токму овие случаи беа наведени во извештајот на експертот на ОН за правата на малцинствата Геј Мекдугал, која минатата година беше во Грција и ги посети местата каде што претежно живеат Македонци.

Во својот извештај Обединетите нации ја повикаа Грција итно да ја запре дебатата дали има Македонци и да признае постоење на македонско малцинство на својата територија. Во однос на непризнавањето на македонскиот јазик експертот на ОН вели дека кај тамошното население се забележителни лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.

Одговорот на грчката влада во однос на извештајот на експертот на ОН беше дека граѓаните во северна Грција ,кои сакаат да се идентификуваат како припадници на малцинство, се заговорници против интересите на грчката држава и дека и Хелсиншки комитет е жртва на вакви интереси.

ВРЕМЕ, 11.08.2009

Вести
Во извештајот се вели дека разузнавачките служби во три европски земји немаат утврдени упатства за тоа како да ги третираат информациите што доаѓаат од земја за која е познато дека користи тортура.
ФУЕРЕ ЗА СОСТОЈБАТА ВО „ИДРИЗОВО“
Состојбата во затворот „Идризово“ е ужасна, полоша и од најлошите бегалски кампови во Латинска Америка и од малолетничките затвори во Јужна Африка во времето пред да биде затворен Нелсон Мендела. Ова е оценката на евроамбасадорот Ерван Фуере, кој вчера заедно со народниот правобранител Иџет Мемети ја посети КПУ „Идризово“.
Државната Дума на Руската федерација гласаше во полза на предлог-законот  за ратификација на Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права. Гласањето  го поплочува патот за да стапи во сила и да започне да се  применува Протоколот број 14 кон Европската конвенција за човекови права, а кој е веќе ратификуван од страна на другите 46 земји - членки.


Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Грчкиот Хелсиншки комитет и Групата за малцински права пред Комитетот на ОН ќе го презентираат извештајот во кој се наведени редица примери за кршење на човековите права на Македонците


ИНТЕРВЈУ
Исо Руси, претседател на Хелсиншки комитет


Ни претстои уште многу работа за да можеме да бидеме задоволни со почитувањето на човековите права во Европа - оценува Комесарот на Советот на Европа, Томас Хамарберг во интервју за Дојче Веле.

МЕДИУМИТЕ ЗА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2008

Електронски медиуми
А1 ТВ
АЛФА ТВ
АЛСАТ ТВ
КАНАЛ 5 ТВ
СИТЕЛ ТВ

Печатени медиуми
ДНЕВНИК
УТРИНСКИ ВЕСНИК
ВЕЧЕР
ВРЕМЕ

Далеку од очите на јавноста и без најава мина средбата на првиот човек на Комитетот за превенција од тортура при Советот на Европа, Мауро Палма со владиниот врв.

ЗАТВОРЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Извештај за посетата на затворените институции во Македонија од страна на делегацијата на невладини организации што се занимаваат со проблематиката на човековите права, реализирана на 29 и 30 јуни 2004 год.

Европските истражни експерти против тортура ја повикаа Македонија да запре со врзување на престапниците со заеднички ланци и да стори повеќе во борбата со корупцијата и условите во затворите.
На седницата членовите на Комитетот против тортура на ОН дале генерално позитивна оценка за големиот напредок и реформите направени во последните години и ја поздравиле подготвеноста на Македонија за дијалог по сите отворени прашање.

ПРЕСУДА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ВО СТРАЗБУР
Државата ќе треба да им исплати отштета на петмина штипјани оти не била спроведена истрага дали тие биле жртви на полициска бруталност
Подигање свест кај судиите, обвинителите и адвокатите во врска со меѓународните стандарди за притворање пред судењето, беше тема на конференцијата која денес заврши во Скопје, а беше поддржана од Мисијата на ОБСЕ.
СООПШТЕНИЈА
На 1-ви фебруари 2008, во сила стапи Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе, откако истата беше ратификувана од потребниот број на држави[1].

         


Aдреса: Ул. Даме Груев 8/5, П.ФАХ 58, 1000 СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   •   Тел/факс: ++ 389 (0)2 3119 073, ++ 389 (0)2 3290 469   •   E-mail:
helkom@mhc.org.mk