Демократија

Хелсиншкиот комитет преку своите активности придонесува за унапредување на демократските практики и амбиент во државата. Во континуитет, Комитет учествува во градењето на јавни политки кои имаат за цел да обезбедат сеопфатен процес на вклученост на сите граѓани и со тоа консолидирање на демократијата. Унапредувањето на демократискиот амбиент во државата Комитетот го врши преку активен граѓански активизам, програмски активности кои имаат за цел да придонесат кон подобрување на квалитетот на понудените решенија од страна на надлежните институции и директна соработка со граѓаните и граѓанските организации. Исто така, Хелсиншкиот комитет во наредниот период преку конструктивен и критички пристап ќе придонесува кон реализација на една од клучните стратешки цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија. Нашите активности ќе бидат насочени кон вградување и исполнување на политичките критериуми, со посебен осврт на фукционирање на демократските институции во државата и понатамошно надградување на граѓанскиот карактер на државата.

Мобилизација

Мобилизација

Во време кога на глобално ниво се случува вмрежување на сили кои удираат врз придобивките на демократијата и јакнат разни движења кои се непријателски настроени кон универзалните вредности вткаени во концептот на човековите права, оние кои се идентификуваат како активни бранители на овој концепт, немаат друг избор освен здружување и мобилизација, со цел да се продолжи борбата во новите околности. Токму затоа, Хелсиншкиот комитет, покрај своите континуирани активности на полето на заштитата на човековите права, отвора простор и за споделување експертски мислења, анализи и ставови за теми кои ја одредуваат состојбата со демократијата денес, и во земјата и во светот.


Колумни на тема Мобилизација

октомври 18, 2020

Ќе измислиме ли вакцина за вирусот наречен лажни вести?

Бојан Кордалов Специјалист за односи со јавност и нови медиуми
октомври 18, 2020

Кривичен популизам: краток преглед

Вики Младенова
октомври 16, 2020

Исклучивоста и национализмот одат рака под рака со авторитаризмот во 21. век

Д-р Огнен Вангелов Центар за истражување демократија и различност, Квинс универзитет, Канада

Видеа на тема Мобилизација

Мобилизација околу демократски вредности - Бојан Кордалов

Мобилизација околу демократски вредности - Неда Здравева

Мобилизација околу демократски вредности - Сирхан Усеин

Мобилизација околу демократски вредности - Јасна Бачовска Недиќ

Мобилизација околу демократски вредности - Јетмир Зиба

Мобилизација околу демократски вредности - Борјан Ефтимов