Сигурната куќа е програма за престој, која вклучува услуги за поддршка во случај на криза, семејно насилство или бездомништво. Сигурната куќа е создадена како мост помеѓу привремено и трајно домување.
Овој социјален сервис е акредитиран од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и ги исполнува сите предвидени стандарди.
Приоритет на Сигурната куќа е работење засновано врз принципите на доверливост, дискреција, недискриминација и емпатија.
Барањето за сместување во Безбедната куќа може да се направи преку повик на бесплатната линија за помош 0800 66 66 6, како и на електронската адреса contact_safehouse@lgbti.mk. За сите подетални информации можете да се обратите на 071 210 475 / 023 075 025, во секое време.
Куќата е сигурен простор каде корисниците се заштитени од секаков вид на насилство и во кој се нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка и заштита со соодветен квалитет.
Функционирањето на Сигурната куќа придонесува кон зголемување на безбедноста и оснажнувањето на ЛГБТИ луѓето во општеството, континуирано работејќи на прекин на кругот на насилство врз ЛГБТИ луѓето, овозможувајќи им засолниште од изворот на насилство и услови да можат да продолжат со индивидуален и достоинствен живот.
Сигурната куќа има капацитет за 7 корисници.
За корисниците обезбедуваме:
- Сместување
- Храна
- Медикаменти
- правни услуги
- услуги од психолог и социјален работник
Програмата вклучува и организација на:
- креативни работилници
- едукативни програми
- спортско-рекреативни активности
- неформални дружби
- Сигурната куќа работи постојано, 24 часа, секој ден.
КОНТАКТ:
Телефонски број: 071 210 475 / 023 075 025
Е-mail адреса: contact_safehouse@lgbti.mk