Тортура и нехумано постапување

Постапување на полиција

Хелсиншкиот комитет го набљудува полициското постапување и обезбедува правна помош во индивидуалните случаи на пречекорување на полициските овластувања и заштита на жртвите на полициска бруталност. Комитетот ќе продолжи да се залага за професионализација на безбедносните служби, засилен надзор врз нивната работа и нивно сензибилизирање при постапувањето со ранливи групи на граѓани.

Затворени институции и тортура, нехумано и деградирачко постапување и казнување

Хелсиншкиот комитет ја набљудува состојбата во затворените институции и други места во кои се ограничува или одзема слободата на движење, каде што граѓаните се ставени во најранлива позиција и ризик за прекршувања на нивните права согласно националните и меѓународните стандард за човекови права. Комитетот постапува по сите претставки кои се однесуваат на условите, третманот, здравствената заштита, ресоцијализацијата и остварувањето на сите други права во установите од затворен тип, согласно меѓународните стандарди и принципи.

2