Corner Проекти

Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза 25 Октомври 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во октомври 2018 година отпочна со спроведување на проектот “Зајакнување на механизмите на заштита против говорот на омраза”. Проектот ќе се фокусира на подобрување на знаењето на полициските службеници во препознавањето, превенцијата и борбата против говорот на омраза, како и зајакнување на капацитетите на јавното обвинителство во процесирањето на предметите поврзани со овој феномен. Последната компонента се однесува на понатамошна сензибилизација на јавноста во препознавањето на говорот на омраза и негово соодветно пријавување и санкционирање од страна на надлежните институции – особено полициските службеници, Секторот за копмјутерски криминал и дигитална форензика во Министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство. Преку спроведување на планираните активности, проектот цели кон воспоставување на ефективни механизми на заштита на жртвите од оваа појава која е особено присутна на електронските медиуми/социјалните мрежи.

Главната цел на проектот е придонес во воспоставувањето на ефективен заштитен механизам на правата на граѓаните во практикувањето на слободата на изразување.

Повеќе детали за проектот на следниот линк 

Twitter Facebook
Normal_banner-free-mk Normal_______________________ Normal_banner-lgbti Normal___________mk Normal_strategy_mk_photo