Жените имаат права!

Целта на проектот е да ги подобри механизмите на заштита на правата на жените во земјата, преку неколку интервенции. Проектот ги зајакнува капацитетите на граѓанските и невладините организации во земјата за користење на Факултативниот Протокол на CEDAW за поднесување претсавки; врши застапување на правата жените во случаи на родово – базирано насилство и дискриминација; ја подига јавната свест за правата на жените и механизмите на заштита кои ги овозможува Факултатитвниот протокол на CEDAW. Проектот исто така обучува преставници на институциите за примена на стандардите на Истанбулската Конвенција. Како комплементарна активност, проектот обезбедува и бесплатна правна помош на жени и девојки жртви на родово базирано насилство во Скопје и други градови, а и застапување на суд во идентификувани стратешки случаи.

Донатор: UnWomen (преку програма финансирана од EУ).
Временска рамка: 01.01.2018 – 01.11.2019