Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Македонија

Целта на проектот е да се зголеми продуктивноста на работниците во Македонија преку подобрување на законската рамка за работни односи. Проектот ќе обезбеди две анализи коишто од една страна ќе понудат сеопфатен преглед на сегашната состојба, вклучувајќи мерење на степенот на сатисфакција на граѓаните од заштитните механизми против дискриминацијата и повредите на работнички права, а од друга страна ќе дадат препораки за унапредување на законската рамка во согласност со меѓународните стандарди. Дополнително, проектниот тим ќе врши мониторинг на инспекцискиот надзор и постојано ќе ја информира јавноста за состојбата со работничките права со што ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за заштита на работничките права. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртви на прекршување на работничките права во најмалку 40 случаи со цел да се подобри пристапот до правда на работниците.

Донатор: Фондот за добро владеење на Велика Британија
Временска рамка: 1.08.2018 – 31.03.2019