Говор на омраза

Говорот на омраза е многу повеќе од само лоши зборови. Тој е форма на изразување која има намера да оцрни, понижи, навреди или поттикне омраза против група луѓе или поединци, само поради нивните лични карактеристики.

Кога зборуваме за говор на омраза, всушност зборуваме за омраза кон различностите. Говор на омраза е вознемирувачко или заканувачко изразување кое содржи предрасуда по основ на раса, религија, етничка припадност, политичка припадност, социјално потекло, попреченост, пол, род, сексуална ориентација и други основи.

govornaomraza.mk