ЛГБТИ центар за поддршка

ЛГБТИ Центарот за поддршка е засебна програма на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија (МХЦ), посветена на правата на ЛГБТИ луѓето. Центарот официјално се отвори на 23 октомври 2012, на денот кога МХЦ го славеше својот 18-ти роденден. ЛГБТИ Центарот за поддршка се залага за свет слободен од било каков вид на дискриминација во кој сите луѓе ги уживаат универзалните човекови права и слободи без загрозување на правата и слободите на другите.

ВИЗИЈА

Визијата на ЛГБТИ центарот за поддршка е општество ослободено од дискриминација, во кое сите луѓе ги уживаат универзалините човекови права и слободи без разлика на новната сексуална ориентација, родов идентитет или која било друга карактеристика.

МИСИЈА

Мисијата на ЛГБТИ Центарот за поддршка е зајакнување на ЛГБТИ заедницата за самозастапување, како и менување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија.

Контакт информации

ЛГБТИ Центар за поддршка

Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје

Е-пошта: info@lgbti.mk

Веб-страница: www.lgbti.mk