Владеење на правото

Правосудство

Комитетот континуирано ги набљудува судските постапки од граѓанска, кривична и управна материја, а особено оние кои поради својата специфика или политичка заднина имаат посебен ефект како врз почитувањето на човековите права на определени лица, така и врз општествените случувања во поширока смисла. Комитетот се залага за реформи на правосудниот систем, преку активна вклученост во сите реформски процеси и иницијативи за промени во законската и институционалната рамка на правосудството, притоа секогаш потпирајќи се врз принципите на владеење на правото, пристап до правда и еднаквост.

Борба против корупцијата

Комитетот е посветен на мониторингот на судските процеси за предмети кои инволвираат организиран криминал и корупција, како и на пружање на соодветна правна помош на лицата- жртви на коруптивни дејствија. Истовремено, преку лобирање во насока на поголема одговорност и транспарентност на сите институции, со посебен акцент на правосудните, Комитетот настојува  да се стави крај на неказнивоста и да се овозможи кривична одговорност за сите оние кои лица кои преку нивните коруптивни дејствија влијаат врз загрозување на индивидуалните слободи и права и врз целосно уривање на системот на владеење на правото во државата. Комитетот креираше посебна платформа каде што граѓаните може безбедно да пријават корупција и да добијат соодветна помош во предмети со коруптивни елементи: prijavikorupcija.mk

2