мај 23, 2023

Сексуалната уцена треба да се воведе како кривично дело

Криминолошкиот феномен на сексуалната уцена (во меѓународната заедница познат и како „сексторциjа“) е од понов датум и како казнено правен поим е се’ уште во зачетна состоjба, но како општествен проблем е стар колку што е и човештвото. Несомнено е дека сексуалната уцена веќе долго време е тивка форма на корупциjа, коjа е тешко видлива. Сексуалната уцена се случува кога оние на кои им е доверена власт jа користат за сексуална експлоатациjа на оние кои зависат од таа моќ. Со тоа, таа во прв ред е родова форма на корупциjа коjа се jавува и во развиените и во земjите во развоj, а наjмногу ги погодува жените, децата и возрасните, особено оние припадници на ранливите заедници.
Феноменот на сексуална уцена е познат и во нашата држава. Кривичната постапка „Еразмус“ за примање поткуп и реалната сексуална уцена сторена од страна на неколку професори од Економскиот факултет во Скопjе беше актуелна во jавноста во РСМ пред три години.
Во РСМ не постои правната рамка за регулирање на сексуалната уцена и тоа jа прави видлива правната празнина во оваа конкретна област. Во рамки на проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените“ имплементиран од Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), со финансиска поддршка од Шведска преку Шведската агенциjа за меѓународна развоjна поддршка (СИДА) беше подготвен документ за јавни политики Законско регулирање на сексуална уцена во национално законодавство кој дава препораки за законско регулирање на сексуалната уцена.
Со инкриминирање на сексуалната уцена во КЗ со што ќе се препознава како родова корупциjа, па доследно ќе може да се применуваат механизмите за родово сензитивно известување, затоа што и МВР ќе може да води родово заснована статистика и да известува за ова. Од друга страна, барањето како корист на сексуална уцена има сосема различно значење и не може да се изедначи со барање пари или некоjа друга услуга како корист. Во Законот за спречување на корупциjата и судирот на интереси воопшто не е дефинирана родовата корупциjа, па целосно не е опфатен овоj вид корупциjа, односно сексуалната уцена.
Препознавањето на родово специфичните форми на корупциjата, првенствено сексуалната уцена, ќе придонесе за полесно третирање на овоj проблем, коj во исто време е ризик за корупциjа и сериозен социо-економски проблем, а од друга страна и пречка за достигнување повисоко ниво на родова рамноправност во земjата.
Кампањата за подигнување на јавната свест за сексуалната уцена е дел од проектот „Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените“, имплементиран од Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), со финансиска поддршка од Шведска преку Шведската агенциjа за меѓународна развоjна поддршка (СИДА).