Осуда за дискриминацијата над Ромите во ТЦ „Скопје Сити Мол“

Членките на мрежата за заштита од дискриминација[1] најостро го осудуваат настанот во Трговскиот центар Скопје Сити Мол,чие раководство преку електронска пошта испратена до фирмата Land Service, на 9ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна. Потенцираме дека Комисијата […]

Read More… from Осуда за дискриминацијата над Ромите во ТЦ „Скопје Сити Мол“

ЛГБТИ заедницата и престојните локални избори

Заради подобро информирање на ЛГБТИ заедницата во Република Македонија, во однос на тоа која политичка опција би им овозможила подобро секојдневие и еднаквост на локално ниво, ЛГБТИ центарот за поддршка изготви прашалник кој директно ги тангира активностите на политичките партии кои се дел од нивните програми, а имаат за цел  унапредување на заштитата на правата […]

Read More… from ЛГБТИ заедницата и престојните локални избори

Финансиски извештај 2012

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во согласност со член 23, став 1, алинеја 2 и член 53 став 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ бр.52/2010 и 135/2011), го објавува својот Финансиски извештај за 2012 година. […]

Read More… from Финансиски извештај 2012

Посета на специјалните установи и психијатриските болници во РМ

Извештај од посетата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ на специјалните установи и психијатриските болници во РМ за 2011 и 2012 година Хелсиншкиот комитет за човекови права во јули 2011 година започна со спроведување на проектот “Набљудување на имплементацијата на националниот превентивен механизам за спречување на тортура и друг вид нечовечко или понижувачко […]

Read More… from Посета на специјалните установи и психијатриските болници во РМ

Посебен извештај: Собрание на РМ, 24 декември 2012

Хелсиншкиот комитет, согласно својата мисија и визија за мониторинг на состојбите со човековите права во РМ, одблиску ги набљудуваше протестите на 24 декември 2012 година пред Собранието на РМ. Покрај документирање на протестите, претставници на Комитетот беа во можност да проследат и дел од случувањата во зградата на Собранието, пред и за време на одржувањето […]

Read More… from Посебен извештај: Собрание на РМ, 24 декември 2012

Квартален извештај (октомври – декември 2012)

Кварталниот извештај за состојбата со човековите права во РМ за периодот октомври – декември 2012 ги опфаќа темите: Марш на толеранцијата, Граѓанска иницијатива „АМАН“, Удар врз уставнито поредок на РМ, Говор на омраза, Принцип на секуларност на државата, Лустрација, Закон за граѓанска одговорност, Тортура врз притворенци во Скопје, Уставна иницијатива за Законот за семејство, Душко […]

Read More… from Квартален извештај (октомври – декември 2012)

Реакција на насловната страница на дневниот весник „Вечер“ од 01.02.2013

Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка најостро го осудуваат денешното издание на весникот Вечер, со кое се срушија сите принципи  на едно одговорно новинарство во една демократска држава. Би сакале да потсетиме на разликата меѓу вест и коментар, за разликата меѓу слободата на изразување и говорот на омраза. […]

Read More… from Реакција на насловната страница на дневниот весник „Вечер“ од 01.02.2013

Удар врз уставниот поредок на Република Македонија

Хелсиншкиот комитет со загриженост ги следи последните случувања на македонската политичка сцена. Претставници на Комитет на 24.12.2012 година, за време на протестот на „Фронтот на народот“ од една страна и симпатизерите и членовите на опозицијата од друга страна, од самиот почеток ги следеа случувањата во својство на набљудувачи од аспект на почитување на правата и […]

Read More… from Удар врз уставниот поредок на Република Македонија

Дебата: Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права

На денот на човековите права, 10 декември, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Институтот за човекови права Ве покануваат да учествувате на дебата на тема „Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права“.  Дебатата ќе се одржи во понеделник на 10 декември 2012 година, со почеток во 12:00 […]

Read More… from Дебата: Заштитениот сведок помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права

Стоп за притисоците врз здравствените работници!

Следејќи ги настаните поврзани со штрајкот на лекарите и воедно постапувајќи по барањето за правна помош од нивна страна, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја изразува својата загриженост за дејствијата што се преземаат од страна на Министерството за здравство, а несомнено говорат за злоупотреба на надлежностите со „легални мерки“ заради спречување на уставното […]

Read More… from Стоп за притисоците врз здравствените работници!