Подобрување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија

декември 15, 2022

Во рамки на проектот „Подобрување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија”, имплементиран со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Италија, Хелсиншкиот комитет изготви информативни брошури за запознавање на граѓаните со нивните права и со системот за бесплатна правна помош.  Се работи за следните брошури:
  • „Заштитен труд – продуктивен работник“ – брошура за работнички права
  • „Вклученост без пречки“ – брошура за правата на лицата со попреченост
  • „Живот без насилство“ – брошура за правата на жртвите на семејно и родово базирано насилство.
Информативните брошури се изготвени на македонски, албански и ромски јазик. Истите беа споделувани со граѓаните за време на отворените денови за бесплатна правна помош во околината на Скопје, како и при секојдневната работа со барателите на бесплатна правна помош.