декември 16, 2022

Побарајте бесплатна правна помош!

Ги охрабруваме граѓаните да побараат бесплатна правна помош доколку се соочуваат со некој правен проблем.

Проблемите со пристапот до правда во оваа област се најизразени поради непостапувањето на институциите, како и пречките кои ги имаат жрвите при пријавување на случаи на родово базирано и семејно насилство.
Хелсиншкиот комитет за човекови права во повеќе случаи мораше да реагира преку поднесување на барања за информации, барања за постапување, ургенции, но и преку јавни реакции во врска со некои од случаите на родово базирано и семејно насилство.
Доколку и на вам ви е потребна бесплатна правна помош, ве охрабруваме да се обратите до Хелсиншкиот комитет за човекови права секој работен ден на:
?02 3119 073 | 072 278 436 | 0800 44 222
helkom@mhc.org.mk