Законодавство
Одберете категорија:
Закон за општата управна постапка
Со овој закон се уредува постапката за остварување на заштита на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица и другите странки, како и заштита на јавниот интерес, по која се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје, кога во вршењето на своите законски надлежности, постапуваат, решаваат и преземаат други управни дејствија во управни работи. Овој закон се применува за сите управни дејствија на јавните органи и на давателите на услуги.
Преземи PDFЗакон за парничната постапка
Со овој закон се уредуваат правилата на постапката врз основа на кои судот расправа и одлучува во споровите за основните права и обврски на човекот и граѓанинот, за личните и семејните односи на граѓаните како што се работните, трговските, имотните и другите граѓанско-правни спорови, ако со закон за некои од тие спорови не е определено за нив судот да решава според правилата на некоја друга постапка.
Преземи PDFЗакон за работните односи
Со овој закон се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Работниот однос се уредува со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување. Цел на законот е вклучување на работници во работниот процес, како и обезбедување на усогласено одвивање на тој процес, при што се почитува правото на работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос.
Преземи PDFЗакон за безбедност и здравје при работа
Со овој закон се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа. Одредбите од овој закон се применуваат во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси.
Преземи PDFЗакон за заштита од вознемирување на работно место
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место. Целта на Законот е спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работното место, односно местото на работа и обезбедување на здрава работна средина.
Преземи PDFЗакон за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
Со овој закон се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавач, невработените лица, други лица кои бараат работа и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и други прашања од значење за вработувањето. Секој има право на пристап до вработување, без какви било ограничувања, согласно со принципот на еднаков третман, утврден во Законот за работните односи и во другите закони.
Преземи PDFЗакон за административни службеници
Предмет на овој закон се статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на ефектот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници, како и статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на административни работи во некоја од следниве институции: органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
Преземи PDFЗакон за инспекцијата на труд
Со овој закон се уредуваат организацијата и работата на Државниот инспекторат за труд (во натамошниот текст: Инспекторат) кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработување и заштита при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето и заштитата при работа, како и инспекциски надзор над вршењето на нерегистрираната дејност.
Преземи PDFЗакон за инспекциски надзор
Со Законот за Инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор (системот на надоместоци на плати на инспекторите, системот за стручно усовршување и обука на инспекторите), учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.
Преземи PDFЗакон за бесплатна правна помош
Со Законот за бесплатна правна помош се уредуваат правото на бесплатна правна помош, постапката во која се остварува, корисниците, условите и начинот на неговото остварување, давателите на бесплатна правна помош, органите надлежни за одлучување, заштитата на правото на бесплатна правна помош, финансирањето и надзорот над неговото спроведување, организирање на денови на бесплатен правен совет, бесплатна правна помош во прекуграничните спорови, како и надзор над примената на одредбите од овој закон.
Преземи PDFЗакон за социјалната заштита
Со Законот за социјалната заштита се уредени системот и организацијата на социјалната заштита, корисниците на социјалната заштита, правата на парична помош и социјалните услуги, постапките за остварување на правата и користење на услугите, вршење на дејноста на социјалната заштита, кадрите, финансирањето и надзорот над вршењето на социјалната заштита и други прашања од значење за вршењето на дејноста на социјалната заштита.
Преземи PDFЗакон за спречување и заштита од дискриминација
Со овој закон се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Цел на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.
Преземи PDFЗакон за спречување и заштита од дискриминација
Со овој закон се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Цел на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи.
Преземи PDFЗлатна зора – криминална организација?
Катја Лихтенвалнер Новинарка, истражувачка и медиумска аналитичаркаСудницата на казнено-поправниот дом за жени „Коридалос“ во Атина, 2 октомври 2015 година. Магда Фиса полека и понизно оди низ публиката и чекори пред судиите. Облечена во црно, ситна и вита, замислена. Целосна тишина настапува во судницата. „Павлос се збогуваше вечерта и рече дека ќе го гледа фудбалскиот натпревар со своите пријатели. Телефонот заѕвони во 14:00 часот. Татко му ми пријде, наведнувајќи ја главата и не можеше да ми каже што се случило.
Институционализирање на класните конфликти во Македонија
Кире Василев Политиколог, активист и истражувачРаботничките права се едни од најголемите цивилизациски придобивки на модерните општества. Тие права произлегуваат од директниот судир помеѓу сопствениците на капитaлот и работничката класа. Сепак, конфликтите за креирање и унапредување на работничките права низ историјата знаеле да бидат и крвави.
Како да ѝ верувам на правната држава која не ги штити правата на работниците?
Џејлан Велиу Mагистер по казнено право, комунист, долгогодишен активист за човекови права и социјална правдаОваа колумна ја пишувам во прво лице затоа што сакам да го споделам моето искуство како работник во односот со „правната држава“ и „флексибилниот“ пазар на трудот. Моето име е Џејлан. Имам 28 години и од моите 16 години сум активист. Не можам да се определам во однос на тоа за што сум активист (ЛГБТИ, права на животните, работнички права, човекови права, активист за животна средина, за социјална правда и така натаму), затоа што да бидеш активист ги опфаќа сите овие категории.
Работничките права во услови на здравствена и економска криза
Емануела Деребан Mагистер по право од областа на граѓанско материјално и процесно правоВо пресрет на пандемијата на вирусот COVID-19, Македонија го трасираше патот на борбата со вирусот по теркот на дадените Препораки на Светската здравствена организација, а донесените правни акти влијаеја на целиот општествен систем. Воведените мерки за заштита и превенција од корона-вирусот различно погодија различни групи на луѓе. Во екот на кризата, работничките права беа први на удар, до степен на загрозување на елементарната егзистенција на просечен работник.
На стечајците од Охис и Дервишот и Смртта им судат, а што (кому) згрешија тие?
Спасе Николов АдвокатСтечајците од Охис, веќе одамна не ги напуштаат улиците пред Владата на Република Македонија. Секојдневно, со нивните проблеми се запознава и македонската јавност, меѓутоа надлежните остануваат неми и глуви на нивните барања. Оние кои одлучуваат се тие кои се збогатуваат на сметка на стечајците, притоа не покажувајќи ни трошка човечност и грижа за нивните сериозни егзистенцијални, но и здравствени проблеми. Сепак, „Охисовци” не се откажуваат од нивните барања, со надеж дека правдата мора да победи и покрај тоа што изгледа како капка во морето полно со криминал и корупција.
Студентите и прекаријатот
Мариглен Демири Институт за општествени и хуманистички науки, СкопјеГолем број на студенти во Македонија живеат и функционираат како прекарни работници. Прекаријатот е форма на експлоатација со своевидни последици врз економскиот, социјалниот, психичкиот и професионалниот живот на работниците. Обично прекарните работници се луѓе што живеат во постојана несигурност, опишани со добро познатата терминологија, луѓе кои се во работен однос, а за возврат не го добиваат „пакетот“ кој им следува со Законот за работните односи.
Договорите на определено време – алатка за изнудување покорност
Здравко Савески Институт за општествени и хуманистички науки, СкопјеЗошто работниците молчат? Зошто не смеат да писнат? Зошто не се борат? Има повеќе причини за тоа. Некои се објективни, некои субјективни. Некои имаат врска со природата на капитализмот, некои со личните карактеристики на работниците. Сите тие причини треба добро да се разгледаат за да продреме до коренот на проблемот.
Работничките права мора да бидат во фокусот на новата Влада
Бранимир Јовановиќ Институт за општествени и хуманистички науки, СкопјеОд двата милиони луѓе кои живеат во оваа држава, 800.000 се работнички и работници. Тие не се инпути во производството, не се средство за генерирање профити, не се алатки кои треба да обезбедат продуктивност на фирмите. Тие се луѓе, од крв и месо, со чувства, со свои животни приказни, со свое достоинство. Редно време е сите да го сфатиме тоа и да почнеме да се однесуваме соодветно.