мај 10, 2003

Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2002 година

2002 год. за Република Македонија беше година во која државата требаше да ги санира базичните последици од вооружениот конфликт во 2001 година; да го имплементира Рамковниот договор од Охрид (како гаранција на мирот) и да овозможи изведување на вонредни избори. Постконфликтниот период се карактеризира со големи политички превривања (создавање на нови политички партии и промени во односот на силите), како и со се поголема корумпираност на политичките структури, голема партизација на државниот апарат и недопирливост на политичкиот врв. Предизборните активности и периодот на трансферот на власта ги потенцираат сите овие ситуации.

Основен белег на глобалната политичка ситуација претставува зголеменото насилство и несигурноста на населението (заради ограниченото делување на полицијата, присуството на вооружени групи и поединци кои делуваат во одделни делови од државата, делувањето на неконтролирани делови од полицијата, нефункционирање на правосудните органи, неразрешени криминални дела и манипулација со меѓуетничките односи, намалување на стандардот, невработеност, намалување на социјалната заштита,). Според првичните потези на новоизбраната владеачка структура, партизацијата на државниот апарат ќе претставува белег и на наредниот период.

Ваквата политичка ситуација овозможува непочитување, повредување и отсуство на соодветна заштита на човековите права и слободи во сите области на секојдневниот живот.

Промоцијата и заштитата на човековите права и слободи останува на нивото на политичка парола и декларативна изјава. Во многу области состојбата станува алармантна и се заканува со натамошна ескалација доколку државата не почне да ги остварува своите обврски и не го прифати делувањето во оваа област на ниво на приоритет.

Во текот на 2002 год. Хелсиншкиот Комитет посебно внимание посвети на неколку области поврзани со промоцијата и заштитаа на човековите права кои во текот на оваа година беа од
приоритетен интерес, односно, беа сфери на најголеми повреди на човековите права.

Документи