ноември 29, 2022

Анализа на обезбедена бесплатна правна помош од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права

  • Во рамки на проектот „Подобрување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија”, имплементиран со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Италија, Хелсиншкиот комитет одржа завршен настан на кој беше презентирана анализата – „Анализа на обезбедена бесплатна правна помош“ за периодот ноември 2021 – октомври 2022 година
  • Покрај правните советници на Хелсиншкиот комитет, свои обраќања имаа и претставници на овластените здруженија за бесплатна правна помош Македонско здружение на млади правници, Опција за здрав живот ХОПС и Коалиција за правично судење. Во дискусија која следуваше на тема „Бариери во пристапот до правда“, се вклучија и претставници на подрачните едници на министерството за правда. 
  • Општо прифатен заклучок беше дека со измените на Законот за бесплатна правна помош од 2019 година – одредени бариери во пристапот до правда се надминати, за што показател е зголемениот број на граѓани кои добиле примарна и секундарна правна помош во изминатата година. Но истовремено, искуството на овластените здруженија укажува на потребата од натамошно измени на Законот за бесплатна правна помош, како во делот на условите за одобрување на секундарната правна помош, така и во делот на правни области опфатени со бесплатната правна помош.  
  • За надминување на суштинските и формални бариери на пристапот до правда –  формулирани беа конкретни заклучоци и препораки за подобрување на законската рамка, кои опфаќаат измени на системските закони и измени на Законот за бесплатна правна помош. 

Документи