Против дискриминација на ЛГБТИ+ луѓето во Западен Балкан и Турција
ноември 27, 2022

Дискриминацијата е присутна речиси на сите полиња од јавниот и приватниот живот на ЛГБТИ+ луѓето кои живеат во Западен Балкан и Турција:
Образование, вработување, социјални услуги, здравство, пристап до правда, слобода на изразување и слобода на мирно собирање.
Да се бориме за 

Еднакви права | Љубов | Слобода | Разновидност | Единство | Гордост
Кликнете на https://webar.inthecoloursofequality.com/ или скенирајте го QR кодот за да го видите светот околу вас исполнет со волшебни бои кои произлегуваат од прекрасната разноликост на на сите луѓе!



ЛГБТИ+ луѓето се соочуваат со постојана дискриминација во секојдневниот живот, хомофобија, трансфобија, вознемирување, говор на омраза и злосторства од омраза, социјална исклученост, проблеми со законско признавање на полот, признавање на истополови партнерства и бракови, пристап до социјалните и здравствени услуги, па дури и вработување.

Биди оној кој ќе ја предводи промената, кој ќе ги охрабрува и безрезервно почитува ЛГБТИ+ лицата и ќе се бори за сигурна иднина. Иднина во која сите сме слободни да бидеме тоа што сме!

Мораме да бидеме свесни за присуството на ЛГБТИ+ луѓето во општеството и да се залагаме за социјална инклузивност.
Биди сојузник, придружи се на движењето и поддржи инклузивност на ЛГБТИ+ луѓето во сите општествени полиња!



Ти можеш да направиш промена!
Ајде да им помогнеме на ЛГБТИ+ учениците да се чувствуваат слободни во изразување на својот идентитет на училиште!



Слушајте ги вашите ЛГБТИ+ врсници и едуцирајте се за нивните проблеми.
Зборувајте кога ќе видите каква било форма на малтретирање, насилство или навреди кон ЛГБТИ+ луѓето.
Ајде да направиме ЛГБТИ+ учениците да се чувствуваат слободни во изразување на својот идентитет на училиште!



Кажи ДА за сексуално образование во училиштата.
Со поткренување на свесноста за ЛГБТИ+ лицата можеме да ја прекинеме континуираната стигма против оваа заедница. 

Ајде да се предизвикаме себеси да размислуваме „надвор од кутијата“





Ги охрабруваме ЛГБТИ+ луѓето и нивните поддржувачи да препознаат говор на омраза и злосторство од омраза, да побараат помош и поддршка и доколку е можно да пријават. 

Да направиме ЛГБТИ+ луѓето да се чувствуваат безбедно и заштитено!





Да ja славиме различноста на ЛГБТИ+ луѓето! 
