Правна помош на деца и на лица со попреченост. Водич за комуникација при давање правна помош на деца и на лица со попреченост и на нивните семејства

август 10, 2020

Овој прирачник е подготвен во рамките на проектот „Правно зајакнување во заедницата во процесот на деинституционализација“ кој Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на УНИЦЕФ и Британската амбасада Скопје, започна да го спроведува во август 2019 година. Главната цел на проектот е да се обезбеди помош и поддршка на децата и на лицата со попреченост и на нивните семејства во остварувањето на нивните основни човекови права, од една страна, како и поддршка на лицата кои се одговорни за непосредно давање на бесплатна правна помош, од друга. Прирачникот е наменет за лицата кои работат во одделите за бесплатна правна помош во рамки на Министерството за правда. Целта на прирачникот е да им послужи на службениците како водич за комуникација при давање на правна помош на деца и на лица со попреченост и на нивните семејства, со што ќе им се овозможи навремена и ефикасна помош и заштита. — За сите дополнителни прашања можете да се обратите во: Хелсиншки комитет за човекови права ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83, 1000 Скопје +389 (0) 2 3119 073; +389 (0) 72 278 436 helkom@mhc.org.mk