август 9, 2020

Остварување на правата преку бесплатна правна помош

Прирачник за лица со попреченост и нивните семејства
Како и каде да се обратиш за остварување и заштита на твоите права?

Оваа брошура е подготвена во рамки на проектот „Правно зајакнување во заедницата во процесот на деинституционализација“ кој Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на УНИЦЕФ, започна да го спроведува во август 2019 година. Главната цел е да се обезбеди помош и поддршка на децата и лицата со попреченост и на нивните семејства во остварување на нивните основни човекови права од една страна, како и поддршка на лицата кои се одговорни за непосредно давање бесплатна правна помош, од друга.

Во оваа брошура ќе најдете одговори на некои од најчесто поставуваните прашања за остварување на правата кои се однесуваат на децата и лицата со попреченост и на нивните семејства. За сите прашања за кои нема да најдете одговори во оваа брошура, можете да се обратите директно во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Контактите на релевантните организации и институции можете да ги најдете на крајот на оваа брошура.

Документи