ноември 22, 2021

Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода

Овие извештаи се подготвени во рамките на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода“, финансиски поддржан од Европската Унија.

За целите на проектот е склучен Меморандум за соработка помеѓу Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Управата за извршување на санкции. Република Северна Македонија сѐ уште се бори да воспостави ефикасни внатрешни и надворешни механизми за спречување и гонење на вршителите во сите случаи на тортура и нечовечко постапување во затворите и установите за лишување од слобода.

Впрочем, целта на овој проект е да ги адресира системските проблеми во обезбедувањето заштита на лицата лишени од слобода од секаков вид тортура, нечовечко постапување и казнување, да ги идентификува клучните предизвици за воспоставување на ефикасен механизам за заштита на човековите права на лицата лишени од слобода и да ги приоретизира мерките потребни за воспоставување на таков механизам.