Повик за пријавување на бесплатна обука за работнички и работници

Доколку ве интересира кои се вашите права во случај на незаконит отказ од работа и сакате да дознаете на кој начин можете да се заштитите, пријавете се на бесплатната онлајн обука за работнички права што ќе ја одржат нашите правни советници. Изберете еден од двата предложени термина и пратете порака со вашето име и презиме на електронската адреса natasha.petkovska@mhc.org.mk […]

Read More… from Повик за пријавување на бесплатна обука за работнички и работници

МТСП погрешно ја толкува уредбата за продолжување на породилното отсуство

Хелсиншкиот комитет за човекови права до Министерството за труд и социјална политика поднесе барање за постапување во насока на исправка на толкувањето на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 90/20). Имено, од страна на Министерството и од страна […]

Read More… from МТСП погрешно ја толкува уредбата за продолжување на породилното отсуство

Конечно усвоен закон за антидискриминација, бараме брз и транспарентен избор на соодветната Комисија

Хелсиншкиот комитет го поздравува усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Со 69 гласови за, еден воздржан и без ниту еден глас против, Собранието на Република Северна Македонија го изгласа законот кој првично беше донесен во мај 2019 година, но заради неисполнет собраниски кворум,  беше укинат од страна на Уставниот суд во јуни […]

Read More… from Конечно усвоен закон за антидискриминација, бараме брз и транспарентен избор на соодветната Комисија

Продолжен повикот за пријавување на учесници на ,,Младинска квир училница 2020”

ЛГБТИ Центарот за поддршка го продолжува повикот за пријавување на „Младинската Квир Училница 2020“ која ќе се оддржи во периодот од 15 до 20 ноември. Поради рестрикциите во однос на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 оваа година работилницата ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM. На „Младинска Квир Училница 2020” ќе можат да се […]

Read More… from Продолжен повикот за пријавување на учесници на ,,Младинска квир училница 2020”

Прославуваме 8 години од ЛГБТИ Центарот за поддршка

По повод одбележувањето на 8-годишнината од ЛГБТИ Центарот за поддршка, денеска, во социјалниот простор „Комитет“, се одржа средба помеѓу амбасадорот Дејвид Гир и активистите што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, обединети во Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Заедничката средба отвори можност за дискусија на важните теми на […]

Read More… from Прославуваме 8 години од ЛГБТИ Центарот за поддршка

Европски ден на правдата

Европскиот ден на правдата се одбележува на 25 октомври, со цел да го приближи пристапот до правда на граѓаните, да ги информира за нивните права и да ја промовира работата на Советот на Европа и Европската комисија на ова поле. Пристапот до правда не е само основно човеково право. Тој е истовремено и суштествен предуслов […]

Read More… from Европски ден на правдата

Случај ,,Фемицид во Гостивар’’- МВР поведе постапка за полицаецот кој не реагирал на пријава за насилство

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во одговорот на нашата претставка за третиот фемицид годинава наведе дека веднаш откако синот дознал за семејното физичко насилство врз мајка му сторено од неговиот татко, истата вечер во 21:30 го пријавил случајот кај полицискиот службеник на влезот во дежурната служба. Полицискиот службеник му побарал телефонски […]

Read More… from Случај ,,Фемицид во Гостивар’’- МВР поведе постапка за полицаецот кој не реагирал на пријава за насилство

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација останува да се избира по пат на партиски договор?!

На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од […]

Read More… from Комисијата за спречување и заштита од дискриминација останува да се избира по пат на партиски договор?!

Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој тепаше Роми во Битола

Како реакција на септемврискиот случај на полициска бруталност врз Роми од Битола, побаравме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постапка. По спроведената истрага, Одделот за внатрешна контрола на 25 септември 2020 нè извести дека поднел кривична пријава против полицискиот службеник Г.П. поради сомнение за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на […]

Read More… from Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој тепаше Роми во Битола

Повик за прибирачи на податоци – ЛГБТИ истражување

Општи информации Хелсиншкиот комитет за човекови права – ЛГБТИ Центар за поддршка во рамките на проектот „Унапредување на човековите права и слободи на ЛГБТИ лицата во Македонија“, финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Кралството Холандија, а за целите на спроведување на истражување за проблемите и потребите на ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија, објавува повик […]

Read More… from Повик за прибирачи на податоци – ЛГБТИ истражување