октомври 27, 2020

Продолжен повикот за пријавување на учесници на ,,Младинска квир училница 2020”

ЛГБТИ Центарот за поддршка го продолжува повикот за пријавување на „Младинската Квир Училница 2020“ која ќе се оддржи во периодот од 15 до 20 ноември. Поради рестрикциите во однос на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 оваа година работилницата ќе се одржува онлајн на платформата ZOOM.

На „Младинска Квир Училница 2020” ќе можат да се пријават млади на возраст од 18 до 30 години. Целта на училницата е да ги зголеми знаењата на младите во областа на човековите права, застапувањето и активното граѓанство, а со фокус на ЛГБТИ правата, глобалното и националното ЛГБТИ движење, делувањето во насока на унапредување на правата на ЛГБТИ движењето на локално ниво, како и изготвување планови и стратегии за застапување. Покрај наставните содржини, младите ќе имаат можност да учат преку разни вежби и креативни активности, а во рамки на програмата ќе имаат можност да развијат и онлајн кампања. Предавачи на школата ќе бидат ЛГБТИ активисти и експерти во областа на човековите права, а тимот на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на училницата.

За учество во школата нема да е потребен каков било надомест од страна на учесниците.

Ги охрабруваме младите лица на возраст од 18 до 30 години без оглед на нивната сексуална ориентација, родов идентитет, етничка припадност и националност, верско уверување, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик.

Повикот ќе биде отворен за пријавување до 10.11.2019 година, а за пријавата е потребно да се достави:

1.Формулар за Апликација (симни подолу)

2.Кратка биографија

 

Потребните документи или прашања испратете ги на е-маил: info@lgbti.mk, со наслов (Subject) „Младинска Квир Училница 2020“.

Младинската Квир Училница 2020 е поддржана од страна на Фондацијата Хајнрих Бол преку проектот „Кршење на тишината“ и Министерството за надворешни работи на Холандија преку преку проектот „Млади артивисти за промена.“

Документи