Родова еднаквост

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија има долготрајно искуство на работа во областа на унапредување на правата на жените и борбата против половата и родовата дискриминација. Делувањето на Хелсиншки се одвива преку интервенции на повеќе нивоа, а особено преку:

  • Застапување;
  • Директна правна поддршка на жртвите;
  • Соработка со институциите (обуки, работилници и учество во работни групи);
  • Обезбедување дигитален безбеден простор за изразување на феминистички гласови, теории и едукација.

Хелсиншкиот комитет става посебен фокус во својата работа на ранливите категории жени, жртви на родово-базирано или семејно насилство, со директно обезбедување на бесплатна правна помош, придружба до институциите и правно застапување на суд (застапувањето се врши само во одредени стратешки случаи каде се регистрирани сериозни повреди на правата на жените).

Оттука, Хелсиншки соработува директно со институциите за едукација и сензибилизација на стручните кадри за стандардите кои произлегуваат од  меѓународните правни инструменти кои ги опфаќаат правата на жените, штитат од дискриминација или пак се насочени кон елиминација на родово базирано и/или семејно насилство. Дополнително, комитетот спроведува и истражувања во областа, со цел резултатите и наодите да се користат како основа за креирање на политиките. Како организација, вршиме и застапување и лобирање, преку учество во работни групи и формални  и неформални мрежи на организации, активности за подигање на свеста за состојбата со правата на жените и родовата (не)еднаквост во земјата, а се со цел да се унапреди статусот на жената во општеството и  да се постигне родова еднаквост.

2

Видео

Без дискриминација! - видео 1 од кампањата ,,Дали знаеш?''

Родов јаз во платите - видео 2 од кампањата ,,Дали знаеш?''

Дискриминација кај вработувањето на жените - видео 3 од кампањата ,,Дали знаеш?''

Дискриминација во образованието - видео 4 од кампањата „Дали знаеш?“

Семејно насилство - видео 5 од кампањата „Дали знаеш?“

Здравствена заштита - видео 6 од кампањата „Дали знаеш?“

Брак - видео 7 од кампањата „Дали знаеш?“

Жени во политиката - видео 8 од кампањата „Дали знаеш?“