март 9, 2022

Повик за ангажирање маркетинг агенција за спроведување на медиумска кампања во областа на родово базирано насилство

 

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Changing policies, challenging perspectives”, кој го спроведува преку грант обезбеден од страна на Балканската фондација за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединети Американски Држави и Норвешкото Министерство за надворешни работи, oбјавува повик за ангажирање на маркетинг агенција за спроведување на медиумска капања за подигнување на јавната свест за родовите предрасуди и стереотипи, кои неретко водат кон родово базирано насилство.

 

ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ

Основна цел на овој ангажман е креирање и спроведување на медиумска кампања, која би се состоела од три кратки видеа и пропратна кампања за социјални медиуми. Во оваа насока предвидено е ангажирање на маркетинг агенција за реализирање на наведените посебни активности:

  • Подготовка на детален план со активности и временска рамка за спроведување на промотивната кампања на социјални медиуми;
  • Подготовка на три кратки видеа и негова промоција на социјалните медиуми или друг промотивен продукт по предлог на маркетинг агенцијата;
  • Подготовка на спонзорирани постови за социјалните медиуми, во форма на пораки и повик за акција, кои би произлегле од видеата.

Ангажманот ќе се одвива во периодот март – мај, 2022 година.

 

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

  • Најмалку 3 години работно искуство во креирање и водење промотивни кампањи на социјални медиуми;
  • Реализирани најмалку 5 успешни медимски кампањи;
  • Искуство во работа на кампањи во областа на човекови права и/или родова еднаквост;
  • Искуство во работа со граѓански организации ќе се смета за предност.

 

БУЏЕТ ЗА АНГАЖМАНОТ

За предвидените активности и целокупниот ангажман предвиден е буџет од 334.560 денари.

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Заинтересираните кандидати за овој повик потребно е да ги достават следните документи:

– Портфолио на агенцијата, и

– Линкoви до изработени кампањи од маркетинг агенцијата релевантни за овој повик.

 

Кандидатите потребно е да ги достават потребите документи на следните електронски адреси helkom@mhc.org.mk и bojana.jovanovska@mhc.org.mk  со назнака „Понуда за изработка на медиумска кампања“ најдоцна до 25 март, 2022 година (петок). За сите дополнителни прашања можете да се обратите на некој од наведените мејлови.

Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација.