Годишен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ заедницата во 2020

јуни 10, 2021

Пандемијата на КОВИД-19 не е само здравствен проблем. Таа беше огромен шок за нашите општества и имаше големо влијание врз благосостојбата и квалитeтoт на живот на ЛГБТИ луѓето. Во време на кризи, маргинализираните заедници се поранливи, а насилството врз родовите и  сексуалните малцинства се зголеми загрозувајќи ја безбедноста и здравјето, а на тој начин дополнително стигматизирајќи ја оваа заедница уште повеќе. Пандемијата имаше непропорционално влијание врз маргинализираните заедници, особено ЛГБТИ заедниците, ЛГБТИ младите и адолесцентите, кои и така се едни од најранливите општесвени групи. Ова го зголеми ризикот од повеќекратна и меѓусекторска дискриминација во различни области како што се пазарот на трудот, здравството, социјалните услуги и пристапот до други услуги утврдени со привремени мерки за намалување на последиците за справување со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19 за идентификуваните ранливи групи.  

Интегралниот текст на извештајот за состојбата со човековите права на ЛГБТИ заедницата во 2020 година може да го преземете подолу: