ноември 15, 2010

Правата на децата низ призмата на економско-социјалните права во РМ

Оваа година се навршуваат 20 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето. За жал во текот на последните неколку години се зголемува бројот на случаи поврзани со повреда на правата на детето кои се доставуваат до Хелсиншкиот комитет, а се зголемува и бројот на јавно објавените случаи во кои е индицирана или дури е и неспорна повредата на правата на детето.

Хелсиншкиот комитет идентификуваше недостатоци во социјалната сигурносна мрежа во Македонија и смета дека Министерството за труд и социјална политика и Центрите за социјална работа не покажуваат доволно капацитет, знаење, волја и желба навистина да ги извршат обврските кои им се доделени, особено во однос на правата на децата. Врз основа на мониторингот на работата на центрите за социјална заштита во државава, Хелсиншкиот комитет ги идентификуваше главните недостатоци и предизвици во социјалната сигурносна мрежа во Македонија:

· Да се зајакне значењето и квалитетот на обезбедување на социјалните права со подобрување на соодветните услуги;

· Да се зајакне институционалниот мониторинг на остварувањето на социјалните права;

· Зголемување на ресурсите ставени на располагање за реализација социјалните права;

· Да се изменат и подобрат постапките и управувањето на услуги и бенефиции, кои се наменети за остварување на социјалните права;

· Да се подобри информирањето на граѓаните за социјалните права и начинот на нивно остварување и користење на придобивките од истите.

Документи