ноември 28, 2010

Успешна апликација до Судот во Стразбур

Во денешната пресуда на Судскиот Совет во случајот Василкоски и други против Република Македонија, а по апликација подготвена и поднесена од страна на Хелсиншкиот Комитет за човекови права (жалба бр. 28169/08), Европскиот Суд за човекови права на одржаната јавна седница утврдил Повреда на Член 5 ст.3 (право на слобода и сигурност) од Европската Конвенција за човекови права.

Овој случај се однесува на жалба од 38 апликанти, обвинети за злоупотреба на службена должност при работа на наплатните рампи за патарина, а во однос на повреда на правото на слобода и сигурност поради несоодветни и недоволно образложени причини за определување на мерката притвор за апликантите.

Документи