Предлог верзија на Законот за работните односи – заложби на Хелсиншкиот комитет

јуни 28, 2019

Хелсиншкиот комитет е дел од работната група за подготовка на нов Закон за работните односи од август 2018 година. Во овој план за заложби, Хелсиншкиот комитет ја анализира сегашната верзија на предлог Законот за работните односи и ги прецизира променетите одредби. Структурата на планот опфаќа конкретни одредби од предлог Законот, опис на предложените решенија, суштината на препораките на Хелсиншкиот комитет и актуелен статус на имплементација на препораката.