Унапредување на човековите права
Целта на проектот е да ги зајакне националните механизми за антидискриминација преку градење на капацитетите на релевантните државни институции и граѓански организации, понатамошен развој на правната рамка и зголемување на јавната свест за овие појави. Проектот, исто така, има за цел да го адресира криминалот од омраза и говорот на омраза преку подобрено законодавство, подигнување на свеста, континуирано градење на капацитети и следење и регистрирање на вакви инциденти.
Донатор: Мисијата на ОБСЕ
Временска рамка: 15.02.2019 – 15.12.2019