Продолжување на повик за надоградување на Дата база за бесплатна правна помош
јули 4, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата, IPA III Civil Society Facility and Media Programme 2023 , согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. IPA III/2024/461-642“, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди.
Потребно е надоградување на Дата базата за бесплатна правна помош (опишано под точка 1).
За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 11.07.2025 година (петок) до 16:00 часот, по електронска пошта на jana.sotirovska@mhc.org.mk.
Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.
1 Опис на бараната набавка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Фундаменталните човекови права на прво место-активен придонес за владеење на правото“, финансиран од Европската унија. Во рамки на проектот е потребно надоградување на постоечката Дата база за бесплатна правна помош (во продолжение БПП).
1.1 Опис на бараните услуги:
Дата базата за БПП служи за складирање на доверливи податоци за корисниците на БПП, во согласност со домашните и меѓународните стандардни за заштита на лични податоци. Базата истовремено обезбедува статистичка анализа. Прегледот и унапредувањето на Базата треба да се фокусира на ревизија на моменталните функционалности, точноста на податоците и усогласеноста со релевантните законски рамки. Ова вклучува детален преглед на ефективноста на базата како алатка за следење и анализа. Подобренијата може да вклучуваат усовршување на методите за собирање на податоци, подобрување на корисничките интерфејси и интеграција на нови аналитички способности за подобра поддршка на понатамошните интервенции.
- Општи информации
Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ.
Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ.
- Критериум за доделување на договорот за набавка
Критериумите за доделување на договорот за набавка се:
- економски најповолна понуда
- најдобар квалитет
- најкраток рок на испорака
За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми.
- Евалуација на понудите
При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, квалитетот на понудата и рокот на испорака. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa.
Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани;
Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.
Напомена: Проектот е ослободен од ДДВ. По направен избор за најповолен понудувач ќе биде доставено решение и потврда од УЈП и СЕП.