Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

септември 17, 2026

Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување.

Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост.

Преку интерактивни сесии и специјално дизајнирана методологија приспособена на вашите потреби, ќе имате можност да:

  • Научите како да користите иновативни алатки за поефикасно истражување и известување.
  • Развиете вештини за собирање, анализа и визуелизација на податоци кои ќе им дадат кредибилитет на вашите приказни.
  • Ги разберете ги клучните предизвици на медиумската писменост и научите техники за проверка на факти.
  • Запознаете и размените искуства со ваши врсници, идни и сегашни колеги од медиумската сфера.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за студенти и студентки, како и за млади новинари и новинарки кои сакаат да ги надградат своите професионални вештини. Со цел поттикнување на еднаквото учество, особено се охрабруваат да аплицираат млади новинарки и студентки.

Како да се пријавите?

За пријавување е потребно да испратите кратка биографија (CV) и кратко објаснување (до 200 зборови), во кое ќе го опфатите вашиот интерес за учество на тренингот. Апликациите треба да се испратат најдоцна до година, до 24.09.2026, 16:00 часот, на е-пошта: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: Апликација – Национален тренинг – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ.

Националниот тренинг ќе се одржи на 29.09.2026 во Скопје. Сите трошоци за избраните учесници и учеснички се на товар на организаторот. Сите пријавени ќе бидат известени за исходот од селекцијата.

 

Овој тренинг се организира во рамките на проектот MEdIA – Lit (Унапредување на медиумската и информациската писменост за демократско учество), кој го спроведува ЦГО во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија (HCHRS), Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје (MHC), Тирана центарот за новинарска извонредност во Албанија (TCJE) и Атлантската иницијатива во Босна и Херцеговина (AI). Проектот е финансиран од Европската Унија, со кофинансирање од Министерството за регионален и инвестициски развој и соработка со невладини организации на Владата на Црна Гора.