Повик за изработка на веб страница

јуни 13, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion, има потреба од ангажирање на Лице за изработка на веб страна.

Предвидени задачи (опис на позицијата) 

  • Изработка на веб страница на Сигурната куќа;
  • Комуникација со тимот.

Квалификации: 

Образование и работно искуство 

  • Завршени додипломски студии или соодветен курс;
  • Претходно релевантно работно искуство во изработка на веб страници.

Технички вештини 

  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)

Систем на вредности:

Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:

  1. Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
  2. Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
  3. Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
  4. Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
  5. Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
  6. Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
  7. Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
  8. Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.

Како да се пријавите 

За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

  • CV (на англиски јазик)
  • Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)

Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ИЗРАБОТКА НА ВЕБ СТРАНА. Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.