ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА
април 24, 2025

Општи информации
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и борба против говорот на омраза во Република Северна Македонија.
Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики.
Позиција
Маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и борба против говорот на омраза во Република Северна Македонија.
Избор на експерт
На овој повик имаат право да учествуваат правни лица што ги исполнуваат следниве критериуми:
- Работно искуство во спроведување кампањи во последните 9 години;
- Минимум пет спроведени кампањи во областа на човековите права.
Спроведување кампањи во областа на борба против говорот на омраза во Северна Македонија ќе се смета како предност.
Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) на вработените или портфолио во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи.
Спроведување на работните задачи
Времетраењето на ангажманот ќе започне веднаш по склучување на договорот и ќе трае до завршување на активностите, односно до 15 јули 2025 година.
Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со маркетинг агенцијата, каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.
Начин на пријавување
За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават:
- професионална биографија (CV) или портфолио, во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи; и
- финансиска понуда за реализирање на активностите
Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 02.05.2025 година со назнака „Избор на маркетинг агенција“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии или портфолија и евалуација на финансиските понуди.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.
Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија
Скопје, 24.04.2024 година.