ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ПИШУВАЊЕ ПРИРАЧНИК ЗА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ ВО СЛУЧАИ НА ГОВОР НА ОМРАЗА
април 23, 2025

Општи информации
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање експерт за пишување прирачник за полициски службеници за препознавање и постапување во случаи на говор на омраза.
Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики.
Позиција
Експерт за пишување прирачник за полициски службеници за препознавање и постапување во случаи на говор на омраза
Тема на прирачникот
Избраниот експерт ќе треба да подготви и напише прирачник за полициски службеници за препознавање и постапување во случаи на говор на омраза за внатрешни работи за препознавање, спречување и борба против говорот на омраза, за постапување во случаи на говор на омраза и собирањето докази, со посебен фокус на најдобрите практики на Европската Унија, особено на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Прирачникот ќе биде наменет за Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, за Тренинг центарот при Министерството за внатрешни работи и за секој Сектор за внатрешни работи (Скопје, Куманово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Тетово и Струмица).
Избор на експерт
На овој повик имаат право да учествуваат сите физички лица што ги исполнуваат следниве критериуми:
Образование:
· Напредно универзитетско образовние или магистерски/докторски степен во правни науки
Професионално искуство:
· Минимум 7 години релевантно професионално искуство во областа на проблематиката со говорот на омраза и човековите права со особен фокус на маргинализираните групи на граѓани
· Минимум 5 години во подготовка на релевантни документи, анализи, истражувања, политики од областа на говорот на омраза и човековите права на маргинализирани групи
Работни задачи
– Осмислување на концептот на документот
– Утврдување на целите на документот
– Утврдување на структурата
– Утврдување на содржината
– Подготовка на предлог материјали за проширување на знаењата
– Развој на содржината
– Пишување на стручната содржина на документот
– Консултирање и прегледување најнови и најрелевантни документи поврзани со регистрирање и процесирање на говорот на омраза, како меѓународни и европски стандарди
– Соработка со други домашни експерти и консултанти од областа;
– Соработка со координаторот на проект и експертскиот проектен тим;
– Испорачување драфт верзија и финална верзија на прирачникот во рокови договорени со координаторот, со висок квалитет и навремено.
Спроведување на работните задачи
Времетраењето на ангажманот ќе започне на почетокот на мај по склучување на договорот со ангажираното лице и ќе трае до завршување на активностите, односно до 15 јули 2025.
Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со избраниот експерт каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.
Начин на пријавување
За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават:
– професионална биографија (CV) со наведени референци од напишани претходни трудови во бараната област; и
– финансиска понуда за спроведување на ангажманот
Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 25.04.2025 година со назнака „Избор на експерт за пишување прирачник“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии и евалуација на финансиските понуди.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.
Скопје, 23.04.2024 година
Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија.