јули 5, 2013

Видео од нападот на ЛГБТИ Центарот за поддршка – 2 март 2013

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ја поздравува денешната Пресуда 20К-966/13 на Основниот суд Скопје 1 од Скопје со која за виновни беа прогласени членовите од толпата кои за време на протестите од 2 март 2013 го сторија кривичното дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Осудените на затворски и условни казни, покрај другото, ја нападнаа и подружницата на Хелсиншкиот комитет – ЛГБТИ Центар за поддршка, при што причинија материјална штета. Особено ја поздравуваме одлуката на судот да го прифати нашиот предлог (како оштетена странка во постапката) при одмерување на казната како отежнителна околност да се смета фактот што нападот на Центарот е сторен поради неговата основна функција – поддршката на ЛГБТИ популацијата и борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

За жал, по протестите од 2 март 2013 година ЛГБТИ Центарот за поддршка беше нападнат уште двапати и тоа на 22 јуни 2013 година кога во Центарот беа присутни околу 40 гости на „Неделата на гордоста“ и денес кога во раните утрински часови некој се обидел да го опожари потпалувајќи го покривот. Хелсиншкиот комитет поседува снимки и од овие настани.

Видеа

ЛГБТИ Центар за поддршка / LGBTI Support Centre 02.03.2013