Школа за човекови права за млади од Република Македонија и Каен, Долна Нормандија
август 18, 2014
Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Институтот за мир и човекови права од регионот Долна Нормандија, Франција на 19-ти август (вторник) започнува со одржување на Летна школа за млади во чиј фокус ќе бидат кривичните дела од омраза сторени поради етничка или религиозна припадност. Оваа Школа има мулти-етнички, мулти-национален и мулти-културен карактер. На Школата учество ќе земат 20 млади од Франција и Македонија (припадници на сите заедници во државата). Изборот на учесниците беше извршен преку отворен повик во двете држави и од бројните апликации беа избрани следните кандидати:
1. Аријана Ајдар | 11. Илија Јованов |
2. Сибел Тас | 12. Фитим Илази |
3. Лепосава Огњановска | 13. Игор Ташковски |
4. Алис Андре | 14. Александар Солев |
5. Данче Азманова | 15. Шкодран Алиу |
6. Адел Симон | 16. Јордан Арсов |
7. Алмедина Ќорак | 17. Димитри Папакоч |
8. Капучин Блет | 18. Мартин Перчинков |
9. Стефаниа Стафила | 19. Елвис Кундевски |
10. Лора Белал | 20. Мартин Велинов |
Избраните учесници на школата од Македонија и Франција ќе поминат 7 дена заедно во период од 19-25 август обидувајќи се да изнајдат позитивни решенија за делата сторени од омраза помеѓу младите во двете држави. Школата ќе започне на 19-ти август, во Скопје, хотел „Средно Водно“ со почеток од 12 часот попладне. За првиот ден предвидено е свечено отворање на школата и обраќање на:
12:00 – 12:30 Поздравни говори
– Проф. д-р Гордан Калајџиев, Претседател на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (МХК)
– Н.Е. Лоренс Оер, Амбасадорка на Република Франција во Р. Македонија
– Ивана Димитровска, претставничка на Децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија
12:30 – 13:30 Активности на Комитетот и соработници за кривични дела сторени од омраза
– Уранија Пировска, извршна директорка на МХК
– Проектни координаторки: м-р Јасмина Голубовска (МХК) и м-р Сара Барние Лирој – Институт за мир и човекови права, Каен, Долна Нормандија
– д-р Жанета Попоска – претставничка од мисијата на ОБСЕ во Скопје
Оваа школа е овозможена со поддршка на „Програмата за децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормадија и Македонија“ и има за цел да ги поттикне учесниците да преземат заедничка акција против делата од омраза помеѓу младите во двете држави.