Се одржа Летна школа за дигитални права и сајбер безбедност

август 14, 2024

Од 4 до 10 август, 2024 година се одржа Летната школа за дигитални права и сајбер безбедност, во хотел Метропол, Охрид во рамки на проектот „Креирање на побезбедна дигитална средина за младите“, поддржан од Смарт Балканс и финансиран од Кралството Норвешка.

Дваесет и осум млади луѓе од различни градови во државата се здобија со знаење од областите: право на заштита на лични податоци и право на приватност, сајбер насилство и малтретирање, човекови права и дигитални права (слобода на говор и говор на омраза), дигитално родово базирано насилство и медиумска писменост/лажни вести/ресурси за проверка на факти.

Предавачи на летната школа беа Бојана Неткова, Лилјана Пецова Илиевска и Марина Трајкова, експертки за темите опфатени на оваа летна школа наменета за млади луѓе на возраст од 15 до 19 години.

Учесниците на Школата, низ интерактивни предавања имаа  можност да се стекнат со нови знаења и да добијат информации за новите трендови на темите, но и да дружат, да бидат креативни и спортски активни.

На крајот од оваа школа сите учесници се здобија со сертификати за успешно  учество на Летната школа за дигитални права и сајбер безбедност.