Реакција на предлог-законот за граѓанска одговорност
октомври 10, 2012
Денес во НВО Инфо-центарот се одржа прес конференција по повод предлог-законот за граѓанска одговорност на која присуствуваше Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, како и други претставници на граѓанскиот сектор според кои предложениот закон е вовед во цензура. Целата постапка за донесеување на законот се одвиваше нетрансапрентно, без да биде вклучен граѓанскиот сектор, па затоа доколку Собранието го изгласа, истиот биде оспорен пред Уставниот суд. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска извјави:
Собранието по првото читање имаше можност да формира стручно тело кое ќе ја запознае јавноста и граѓанскиот сектор со измените во законот и да ги чуе нивните забелешки, но тоа не се случи.