Презентација на годишен извештај за состојбата со говорот на омраза на локално ниво во 2021 година(Тетово, Штип и Битола))

декември 22, 2021

Алармантни се наодите кои произлегуваат од истражувањата спроведени во текот на 2021 година за говорот на омраза и интернет малтретирањето кај младите. Укажуваме на потребата сите чинители во општеството да се вклучат во превенцијата и заштитата од овие негативни трендови – заклучија Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и адвокатот Оливер Митов, кои денеска во хотел Панорамика го презентираа Годишниот извештај за состојбата со говорот на омраза на локално ниво во градовите Тетово, Штип и Битола. На настанот присуствуваа претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, локалните самоуправи и граѓански организации.
Извештајот е достапен на македонски , албански и англиски јазик.