јануари 18, 2023

Повик за ангажман на пет монитори за регистрирање на говор на омраза на национално ниво

Хелсиншкиот комитет за човекови права текот на 2023 година, започнува со спроведување на проектот „Унапредување на заштитните механизми за бесплатна правна помош и говор на омраза во Република Северна Македонија”, финансиран од страна на Фондација Отворено општество -Македонија.

Во рамки на проектот ќе се спроведе активност за следење и и регистрирање на говор на омраза на веб платформата www.govornaomraza.mk за периодот 01.02.2023 година до 31.05.2024 година. Оваа веб платформа претставува алатка за пријавување на случаи поврзани со говор на омраза од страна на граѓаните (жртва или сведок) и генерирање на статистички податоци на регистрирани пријави врз основ на три параметри: географска локација, правен основ и временска рамка.

Со цел зајакнување на мониторингот врз прекршувањата на дигиталните права, Хелсиншкиот комитет за човекови права има потреба од ангажман на пет (5) монитори кои ќе вршат следење, регистрирање и известување за состојбите во дигиталниот простор, вклучително говор на омраза на електронски медиуми, интернет изданија на весници и портали, социјални медиуми и ќе имаат за цел да вршат упис на утврден говор на омраза на месечно ниво и да го доставуваат до проектниот тим за понатамошна анализа..

Мониторите ќе бидат компензирани преку месечен хонорар од $145 бруто износ (месечно) во денарска противвредност.

По извршениот избор, Хелсиншкиот комитет ќе спроведе обука на избраните монитори со јасни насоки за нивниот ангажман и работни обврски. Овој ангажман нуди флексибилност со тоа што избраните лица не се обврзани на работно време и престој во Хелсиншкиот комитет.

Со оглед на материјата која е цел на анализа во рамки на овој проект, условите за пријавување се следниве:

  • Познавање на македонски и/или албански јазик;
  • Основно познавање за дигиталниот простор и социјалните медиуми,
  • Одговорност и навремено доставување на неделните и месечни извештаи,
  • Посветеност, доверливост и професионалност за извршување на мониторинг активностите за времетраење на целиот проект,
  • Редовна комуникација и координација со проектниот тим.

Заинтересираните за учество на обуката потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо (не подолго од една страница) во кое што ќе ги објаснат своите квалификации и мотив.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и до еna.bendevska@mhc.org.mk со назнака „ мониторинг на говор на омраза“ најдоцна до 25 јануари 2023 година.