март 1, 2023

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ за пишување на Анализа на законодавната рамка за правно регулирање на говорот на омраза во Република Северна Македонија

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање на еден експерт за пишување на Анализа на законодавната рамка за правно регулирање на говорот на омраза во Република Северна Македонија.

Главната цел на проектот е да се зајакне ефективниот механизам за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на ГО и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики. За овој феномен, според нашето сопствено искуство, од суштинско значење е да се има независен механизам за надзор кој ќе произведува податоци засновани на докази, ќе обезбеди правна помош за потенцијалните жртви и ќе обезбеди едукациска програма за обука за националните институции.

Анализата треба да ја опфати законската празнина за правното регулирање на говорот на омраза во Република Северна Македонија, споредувајќи ја со меѓународните и европските стандарди и како тоа влијае на регистрирањето и обработката на говорот на омраза во нашата земја. Анализата ќе се фокусира на актуелната законска рамка, споредувајќи ја со меѓународните и европските стандарди и истакнувајќи ги празнините.

Позиција: Експерт/ка за изработка на Анализа на законодавната рамка за правно регулирање на говорот на омраза во Република Северна Македонија

Одговорности и задачи:

Експертот/та за подготовка на Анализа за ќе ги има следните задачи:

· Осмислување на концептот на документот

· Утврдување на целите на документот

· Утврдување на структурата

· Утврдување на содржината

· Подготовка на предлог материјали за проширување на знаењата

· Развој на содржината

· Пишување на стручната содржина на документот

· Експертот/ка се ангажира во периодот 15.03.2023 – 15.05.2023, со вклучени 10 работни денови

· Консултира и прегледува најнови и најрелевантни документи поврзани со регулирање на говорот на омраза, а се меѓународни и европски стандарди

· Тесно соработува со други домашни експерти и консултанти од областа;

· Соработува со координаторот на проект и експертскиот проектен тим;

· Испорачува драфт верзија (најдоцна до 07.05.2023) година и финална верзија на прирачникот (најдоцна до 15.05.2023), со висок квалитет и на време.

Спроведување на активностите

За изработка на Анализата предвиден е надоместок во бруто износ од 1.500 евра (во денарска противвредност) во бруто износ за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се врши по завршувањето на финалната верзија на документот. Сите останати трошоци поврзани со спроведувањето на оваа активност (како на пример патни трошоци, телефон, или слично) се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачот експерт/ка.

РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Образование:

· Напредно универзитетско или магистерски степен/докторски во правни науки

Професионално искуство:

· Минимум 7 години релевантно професионално искуство во областа на проблематиката со говорот на омраза и човековите права со особен фокус на маргинализираните групи на граѓани

· Минимум 5 години во подготовка на релевантни документи, анализи, истражувања, политики од областа на говор на омраза и човековите права на маргинализирани групи

За пријавување кандидадот/ка треба да достави професионална биографија со наведени референци од напишани претходни трудови во бараната област.

Краен рок за доставување на апликациите е најдоцна до 12.03.2023 година до 23.59 часот. Апликациите треба да се достават на следните електронска адреса: elena.petrovska@mhc.org.mk со наслов „Пријава за Анализа за правни празнини-говор на омраза“. За сите дополнителни прашања можете да се обратите на наведениот мејл. Апликациите кои нема да ја содржат комплетната документација, нема да бидат земени во предвид. Избраниот експерт/ка ќе биде информиран најдоцна 3 дена по завршувањето на крајниот рок.

 

Скопје, 01.03.2023

Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија.