Здравева за ТВ 24: Некои од облиците на дискриминација се условно кажано лесно препознатливи

март 1, 2023

Линк до оригинална сторија 

 

Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот комитет во емисијата 24 анализа потенцираше дека една од работите што не се прави доволно е што не се соработува со граѓанскиот сектор.

– Во процесите на градење политики и носење на одлуки, еден од првите чекори кон подобрување на таа ситуација е да се воспостави малку потесна соработка со секторот кој е важен чинителво сите процеси на создавање на политики и коректор тие да бидат поефективни и да се спроведуваат како е замислено да се дадат очекуваните резултати. Некои од облиците на дискриминација се условно кажано лесно препознатливи. – рече Здравева.