март 13, 2018

Отворање на Комисијата за статусот на жените при Обединетите Нации во Женева

„Жените и девојките ги обелоденуваат навредливото однесување и дискриминаторските ставови. И да бидеме јасни, централното прашање со кое се соочуваме е прашањето на моќ. Моќта обично не е дадена, моќта треба да се преземе.“

“Живееме во машки доминаниран свет со доминантна машка култура. И тоа е причината зошто зајакнувањето на жените и девојките е нашата заедничка централна цел.“

„Темата на вашиот собир оваа година ги истакнува жените од руралните средини: група која е особено маргинализирана и може да нема пристап до здравствена заштита, образование и технологија.“

„Но жените од руралните средини честопати се ‘рбетот на нивните семејства и заедници, управуваат со земјиштето и ресурсите. Тие можат да бидат експерти за климатската отпорност и за одржлив развој.“

„Вдовиците, домородните жени, жените со попречености и жените кои не живеат во согласност со воспоставените норми се соочуваат со најголемите предизвици од сите.“

„Градејќи еднаквост, им даваме шанса на жените да го исполнат својот потенцијал.“

Ова се дел од пораките кои денеска ги упати Генералниот секретар Гутереш на отворањето на Комисијата за статусот на жените во склоп на ООН.

Комисијата за статусот на жените е функционална комисија на Економскиот и социјален совет на ООН, еден од главните органи во рамките на Организацијата на Обединетите нации. КСЖ е опишана како орган на ООН кој ја промовира родовата рамноправност и јакнењето на жените. Секоја година претставничките и претставниците на земјите-членки се собираат во седиштето за да го оценат напредокот во родовата еднаквост, да ги идентификуваат предизвиците, да постават глобални стандарди и да формулираат конкретни политики за промовирање на родовата рамноправност и унапредување на жените во светот.

Во рамките на отворањето, свое излагање имаше и претставничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, проектната координаторка и координаторка за застапување, Биљана Гинова.