Младите од Франција и Македонија со заедничка порака против дела од омраза
јануари 30, 2015
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) во соработка со Институтот за човекови права и мир од Каен, (2idhp) регион Долна Нормандија, Франција, денеска ја презентираа заедничкатата видео-порака против дела од омраза од младите во Франција и Македонија. Младите ја изработија пораката против дела од омраза и насилство за време на оддржувањето на 34тата Школа за млади и човекови права со фокус на дела од омраза на етничка и религиозна основа. Оваа школа беше пилот-соработка со регионот Долна Нормандија која се очекува во иднина да продолжи и да се продлабочи. Проектот беше поддржан од страна на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.
Видео пораката е достапна на официјалниот канал на Комитетот на „Јутјуб“.