Конференција Очи за еднаквост и марш за толеранција
На 15 Ноември (среда) со почеток во 11:00 часот во хотел ,,АРКА” се одржа конференцијата ,,Очи за еднаквост” посветена на лицата со попреченосторганизирна од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.
На конференцијата беа презентирани наодите од истражувањата и анализите за потребите за промени на лицата со посебни потреби во областите: социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот. Воведно обраќање на прес-конференцијата имаа Британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а потоа следеа и обраќање на министрите и претставниците на министерствата надлежни за областите за кои беа спроведени истражувањата.
По завршувањето на конференцијата настанот продолжи со организиран марш на толеранција ”Гледај со срцето прифати ја различноста”, исто така посветен на лицата со попреченост, а поддржан од 25 организации. Рутата на маршот започна од Музеј на Град Скопје, по улица Македонија и заврши со обраќања од учесниците во парк ,,Жена борец” спроти Собранието на РМ.
Погледнете ја галеријата од конференцијата и маршот : https://www.facebook.com/MacedonianHelsinkiCommittee/posts/10156251484721111