Еднаквост сега – акции за спречување на родовата дискриминација
август 20, 2024
Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со партнерите ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини започна со реализација на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиски поддржан од Швајцарија преку Цивика Мобилитас, со грантови за граѓански ангажман. Проектот трае од 1 јули 2024 година, до 30 јуни 2026 година.
Акцијата се однесува на спречување и заштита од родова дискриминација и унапредување на социјалната инклузија со фокус на различни групи на маргинализирани жени во скопскиот регион, нивно активно вклучување во борбата против дискриминација, зголемена доверба во антидискриминационите тела и сензибилизација против дискриминација на клучните чинители и јавност.
Специфични цели на проектот се спречувањето и заштита од родова дискриминација преку правно зајакнување на жените од маргинализирани заедници во скопскиот регион, нивно активно вклучување во борбата против дискриминација, зголемување на довербата во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку спроведување на заеднички активности за препознавање и заштита од дискриминација, како и намалување на стигмата и предрасудите кон жените од маргинализирани заедници преку јавна кампања за сензибилизрање на носителите на одлуки, давателите на услуги и општата јавност.
Затоа ги повикуваме сите жени особено од маргинализираните заедници, кои се соочуваат со овие проблеми или сакаат да бидат вклучени во активностите од овој проект да контактираат со Хелсиншкиот комитет за човекови права или партнерите ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини.
Поддржано од