Проекција на филмот „Facing the dragon“ во Битола
декември 16, 2019
Во Битола беше проектиран филмот Facing the dragon од режисерката Sedika Mojadidi во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права.
Документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните акспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.