декември 17, 2019

Пировска: Жените да се сплотени, без разлика на разликите во ставовите

Како жени мораме да застанеме заедно, без разлика колку се разликуваме во нашите ставови, е дел од пораката што во вечерашното издание на емисијата „200“ на Алсат ја испрати Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Говорејќи на темата –  вклученост на жените во политиката, Пировска нагласи дека потреба од донесување на внатрепартиски укази или акти со кои би се овозможила поголема инволвираност на жените во политиката е непотребно, бидејќи, како што рече, жените се потполно рамноправни со мажите и не треба да чекаат да им биде нешто дадено.

„Ако ние сакаме да победиме во таа битка, што би значело жената да не биде никогаш повеќе стигматизирана, нејзината улога во општеството да не биде производ на стереотипи и предрасуди, да не биде разгледувана како машина за репродукција, ние мора да застанеме секогаш заедно, без оглед на тоа колку се разликуваме во другите ставови. Тоа недостасува“, рече Пировска.